Добра работа е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот https://dobrarabota.com, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Политика на приватност и заштита на личните податоци

Оваа Политика на приватност дава информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страница https://dobrarabota.com/ (во понатамошниот текст dobrarabota.com или Портал) и/или користите некоја од нашите услуги преку истата.

Kонтролор на збирки на лични податоци
 
Контролор/обработувач на личните податоци е Друштвото за услуги Би-БизнисКонсалтинг Дооел Македонски Брод со седиште на ул.Вук Караџиќ бр 3 Македонски Брод, со ЕМБС 7433107  (во понатамошниот текст “Друштвото”).Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од важечкиот Закон за заштита на лични податоци и подзаконските акти.

Чии податоци се собираат?

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • На посетители на Dobrarabota.com. Порталот употребува колачиња (cookies), а повеќе информации можете да најдете во нашата Политика за користење на колачиња;
  • На Физички лица кои креирале корисничка сметка и се регистрирале на dobrarabota.com со цел и за потребите на барање, наоѓање и информирање за слободните работни места, објавување на огласи во одредени категории (возила, недвижности и сл.);
  • На Коомпании кои креирале корисничка сметка и се регистрирале на dobrarabota.com со цел да ги користат услугите на Порталот и да објавуваат огласи;
  • На Работобаратели (физички лица) кои ја користат услугата – Aпликација на оглас.

Како ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме преку различни начини, вклучувајќи:

  • Податоци кои Корисникот ги внесува при регистрација на Порталот;
  • Податоци кои Корисникот ги внесува при пополнување на својот кориснички профил;
  • Податоци кои Корисникот ги открива и наведува при комуникација преку нашата служба за корисници, преку објавените е-mail адреси и телефонски броеви или преку пошта;
  • Податоци за Корисникот при користење на Порталот, вклучувајќи ги и оние кои доброволно ги остава при формите за аплицирање на огласи и пополнување анкети на Порталот;
Вашите податоци ги обработуваме за  конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.

Категории на податоци кои се обработуваат

  • Лични податоци за Физички лица/Работобаратели на Порталот, кои е неопходно да се внесат при регистрација и отворање на корисничка сметка, за целите на користење на услугите на Порталот – dobrarabota.com (е-маил адреса, име, презиме, телефон). Секој Корисник може дополнително и самостојно по своја волја да внесува податоци во својот Профил/ CV кои се однесуваат на негови дополнителни податоци како слика, профили до социјални медиуми, пол, дата на раѓање, прикачено CV, интереси за позиции за кои бара работа, дополнителни контакт податоци, неговото образование, работно искуство, познавање на јазици и други вештини за да ги користи за генерирање на  CV и/или за пријава на огласи од Работодавачите. Напоменуваме дека Друштвото нема пристап до податоците наведени во Корисничкиот Профил;
  • Лични податоци за Корисници кои не се регистрирани на Порталот, кои е неопходно да се внесат при најава на Порталот – dobrarabota.com за целите на користење на услугата –  Апликација на оглас (име, презиме, е-маил ,контакт телефон,). Секој Корисник може дополнително и самостојно по своја волја да прикачи CV за брза апликација на огласи од Работодавачите;
  • Податоци за Компании/Работодавачи кои е неопходно да се внесат при регистрација и отворање на корисничка сметка, за целите на користење на услугите на Порталот – dobrarabota.com (е-маил адреса, име/назив, ЕМБС, телефон, лице за контакт, адреса,);
  • Податоци кои ги собираме при комуникација со Корисниците кои не контактирале за техничка или административна поддршка или соработка преку преку нашата служба за корисници;
  • Податоци за известувања по електронски пат (кои не се директен маркетинг);
  • Податоци за маркетинг и промоции, доколку сте дале согласност за обработка (е-пошта и/или контакт телефон)
  • Податоци (е-маил) внесени преку Контакт страната.

Кои податоци се евидентираат при посета

За време на посета на нашите интернет страни, платформата за секој корисник врши запис/лог со следни информации:

  • Времето на посетата
  • Страната која се посетува и подопциите при тоа
  • Страната од која е препратена посетата и во некои случаи клучните зборови кои се користени при истотото препраќање
  • Оперативниот систем кој се користи и нагодувањето за екранска резолуција
  • Видот на пребарувачот и неговата верзија
  • Јазикот кој се користи на пребарувачот
  • Интернет (IP) адресата од која се пристапува
  • Типот на уред од кој се пристапува
Сите записи (логови) се чуваат заради проучување на сигурносен или кориснички проблем.

Врски со трети веб страници и сервиси

Содржините кои Порталот dobrarabota.com ги објавува може да содржат врски (линкови) до веб страници и сервиси на трети лица на кои не се однесува оваа Политика за приватност. Ние не сме одговорни за практиките на овие трети веб страни и сервиси и Ве советуваме да се запознаете со содржината на нивните Политики за приватност.

Основ за обработка на личните податоци

Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако:

  • сте ни дале согласност за обработката (член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци), која имате право да ја повлечете во било кое време; или
  • обработката е неопходна за извршување на договор (член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци) во кој Вие сте договорна страна или за да се преземат активности на Ваше барање пред Ваше пристапување кон договорот; или
  • обработката е неопходна за целите на наш легитимен интерес (член 10 став 1 став 6 од Законот за заштита на личните податоци), без да се наруши вашето право на приватност и доверливост, а за постоењето на ваков легитимен интерес, ќе Ве известиме во врска со конкретната обработка;
  • обработката е потребна за исполнување на наша законска обврска (член 10 став 1 алинеја 3 од Законот за заштита на личните податоци).

Согласност за обработка на лични податоци

Со користење на Порталот физичките лица и компаниите даваат изречна согласност на Друштвото за собирање и обработка на нивните лични податоци кои се дадени при регистрација или најава за брза апликација и се достапни во нивните Кориснички Профили и/или преку објавување на CV, молба или било кој друг документ. Корисниците даваат согласност за контактирање преку електронски пат како дел од функционалностите на системот (отворени работни позиции, заборавена лозинка, системски пораки, известувања од Порталот итн.) преку кои не се врши продажба и не седиректен маркетинг. Корисниците овие опции може да ги исклучат самостојно или со допис до Друштвото.

Работодавачите кои се физички лица и Работобарателите можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност без никакво дополнително објаснување со испраќање на барање на адресата на Друштвото за отповикување на согласноста и деактивирање и/или бришење на корисничката сметка.

Преку аплицирање на оглас или одбирање на опцијата “активно аплицирање“ и користење на Порталот со аплицирање на објавени огласи, Работобарателите даваат изречна согласност на сите Работодавачи на чиј оглас аплицирале, да можат да пристапат до нивните лични податоци наведени во Корисничкиот Профил, (кој покрај податоците од задолжителните полиња, по желба на Работобарателот да вклучува и други документи, како: лична биографија – CV, молбата за вработување и друго) и истите да ги обработуваат во постапката за избор на кандидат за пополнување на позицијата од огласот.

Работобарателите кои немаат Кориснички профил во одредени ситуации можат да аплицираат на одредени огласи на Порталот преку услугата Брза апликација. Со одбирање на опцијата”Apply Now ”, Корисникот дава изречна согласност на Работодавачот за пристап и обработка на сите негови лични податоци наведени во Најавата и приложените документи – CV-то, молбата за вработување и другите документи.

Согласноста за собирање и обработка на лични податоци во согласност од одредбите од Законот за заштита на лични податици се дава исклучиво за целите на аплицирање на огласи за Работни места, како и за вршење на сите други активности кои се строго поврзани со огласување и аплицирање на огласи за Работни места и не можат да се употребат за друга цел.

Употребата на податоците за било која друга цел (копирање, транскрипција, дистрибуција, итн.) без согласност на Друштвото и Работобарателите, односно Работодавачите (физичко лице) за масовна дистрибуција, промотивни пораки и слични работи е строго забрането. Друштвото ќе ги извести надлежните органи, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на Државното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на личните податоци.

Работодавачите се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработката на личните податоци и да ги преземаат сите технички и организациски мерки за заштита на тајноста и безбедноста на личните податоци на Работобарателите во согласност со Законот за заштита на личните податоци и да ги користат личните податоци единствено за целите на селекција и избор на кандидати во врска со објавен оглас за работно место во согласност со применливите закони.

Друштвото не одговора за неовластено откривање или било каква незаконска обработка на личните податоци на Работобарателите од страна на Работодавачите и нема да биде одговорно за надомест на материјална и/или нематеријална штета што би можела да биде предизвикана.

Цели на обработка на личните податоци

Личните податоци ги собираме за конкретни и јасно утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Личните податоци се обработуваат за давање услуги и исполнување на договорни обврски односно за пристап, регистрација и користење на dobrarabota.com, преку објавување на огласи за Работни места од страна на Работодавачите, и складирање биографии и други кориснички податоци во базата на профилот, за нивна достапност, во согласност со избраните поставки од страна на Работобарателот за целите на аплицирање на објавен оглас на Порталот.

Пренесување на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата Порталот, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги кои Друштвото ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на друштвото и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Кој има пристап до Вашите податоци?

Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за овозможување и давање на нашите услуги и исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката – овозможување и давање на нашите услуги и извршување на склучени договори.

Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:

  • наши законски или договорни обврски;
  • податоците дадени при регистрација, најава, или наведени во Корисничкиот профил, како и податоците дадени за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;
  • времето потребно за обработка на барањето или приговорот (доколку е поднесен приговор).

Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивите за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони.

Цели на обработка на личните податоци

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци (право да бидете информирани за какви цели се обработуваат ваши податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, временскиот рок на чување, нашите легитимни интереси, корисниците на кои се пренесуваат…);
  • право на пристап до личните податоци (имате право да добиете потврда дали се обработуваат вашите лични податоци и доколку се обработуваат, да добиете пристап до личните податоци и информации за обработката);
  • право на исправка на личните податоци (ако најдете грешки во вашите лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци);
  • право на бришење на лични податоци / право да се биде заборавен (можете да побара бришење на Корисничкиот профил и личните податоци од базата на Корисници);
  • право на ограничување на обработката на личните податоци (под услови утврдени со закон, можете да побарате ограничување на Обработката на вашите лични податоци);
  • право на приговор (имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци, како и приговор на обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг);
  • право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци во секое време (доколку сте дале согласност за обработка на личните податоци);

Корисникот во секое време има пристап до својот Кориснички Профил со својата лозинка и може да ги измени и исправи неточните или да ги дополни нецелосните лични податоци, да ги смени поставките за приватност, или да го деактивира Профилот.

При регистрацијата Корисникот самостојно ја поставува својата лозинка, која не смее да ја споделува со трети лица, и сноси целосна одговорност за тајноста на лозинката и користењето на Порталот по пат на податоците за пристап. Работобарателот може да го извести Друштвото доколку се посомнева на неовластена употреба на своите податоци за пристап.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци – Марија Мелова – marija@dobrarabota.com

Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе на следниот начин:

  • електронски на следната адреса на електронско сандаче marija@dobrarabota.com
  • по пошта на адреса – ул.Вук Караџиќ бр 3 Македонски Брод

Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:

  • име и презиме на субјектот на лични податоци;
  • контакти за повратни информации – адреса, телефон, адреса на електронско сандаче;
  • барање со опис на барањето.

Право на поднесување на барање до АЗЛП

Ако сметате дека начинот на кој Друштвото ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Со пристапување и користењето на dobrarabota.com изјавувате дека се согласувате со оваа Политика за приватност. Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности за што ќе бидете информирани. Ве молиме да ја посетувате Политиката за приватност и да се запознаете со нејзините промени и дополнувања.

Безбедност на податоците

Друштвото ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивно случајно или незаконско уништување, губење, неовластено откривање или пристап, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци и применливите подзаконските акти.

За заштита на Вашите лични податоци Добраработа користи SSL сертификат кој е активен на страната каде ги внесувате истите. Со инсталирање на овој сертификат на web страната оневозможуваме информациите да бидат искористени од надворешен неовластен пристап (сајбер крадци). Со ова Вашите имиња, адреси, лозинка и други дополнителни лични податоци кои ги оставате при регистрација на нашиот сајт се дополнително обезбедени.

Прибирање информации:

Вие како посетители доброволно поднесувате лични податоци: име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број, e-mail адреса, област на интерес, итн. Овие податоци се користат единствено за исполнување на Вашата нарачка. Доколку се добие ваша дозвола се прави исклучок и може податоците да се искористат за маркетиншки цели. Пример: регистрација за добивање на електронски весник од нашата компанија. Личните податоци ќе бидат чувани во форма која овозможува идентификација на субјектот на личните податоци и откако повеќе нема да бидат потребни се уништуваат. Заштита на Вашата сметка Вашето корисничко име и лозинка треба да Ви бидат познати единствено вам. Тие се клучот на Вашата сметка и Вашите лични податоци. Затоа, користете броеви, букви, специјални знаци и чувајте си ја лозинката во тајност. Имајте контрола врз корисничкото име и лозинката за да не станете дел од законски водени активности предводени во Ваше име.

*Доколку Вашата лозинка е компромитирана на било каков начин, Ве молиме ВЕДНАШ известете го Добраработа и сменете ја лозинката. Cookies, Технологија Веб страната може да употребува технологија за следење во зависност од формата, Cookies. Оваа технологија е корисна за прибирање на различни информации како што се, користени оперативни системи, број на посетители, пребарувања на поситителите и слично. Со помош на оваа технологија се подобруваат перформансите на самата веб страна. Обврска за тајност и заштита на личните податоци со SSL безбедносен сертификат Право за користење на Вашите лични податоци имаат само администраторите на https://dobrarabota.com/. Тие се заштитени од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Се користат соодветни методи за заштита при пренос, соодветно со ризикот и природата на информациите. Заради спречување на неовластен пристап се применуваат сите организациски и технички мерки за заштита на личните податоци.

За заштита на Вашите лични податоци Добраработа користи SSL сертификат кој е активен на страната каде ги внесувате истите. Со инсталирање на овој сертификат на web страната оневозможуваме информациите да бидат искористени од надворешен неовластен пристап (сајбер крадци). Со ова Вашите имиња, адреси, лозинка и други дополнителни лични податоци кои ги оставате при регистрација на нашиот сајт се дополнително обезбедени.

Контакт податоци

Адреса: ул.Вук Караџиќ бр 3 Македонски Брод
E-маил: marija@dobrarabota.com
Телефон: 079265967
Офицер за заштита на лични податоци: Марија Мелова.

*Информациите содржани во оваа Политика се предмет на промена од време на време, без претходна најава.